Фергусон: Руни и следната сезона ќе биде во Манчестер Јунајтед

Сер Алекс Фергусон ги негира гласините кои го поврзуваат Вејн Руни со заминување од Манчестер Јунајтед, ветува дека напаѓачот и следната сезона ќе го носи дресот на Црвените Ѓаволи.

Иднината на Вејн Руни беше предмет на многу шпекулации откако напаѓачот од клупата за резервни играчи го започна натпреварот против Реал Мадрид.

Но, Фергусон ги демантира гласините дека Вејн Руни ќе го напушти Олд Трафрод во летниот преоден рок.

„Тој ќе биде тука следната година, го имате мојот збор” – вели Фергусон.

„Нема никакви недоразбирања меѓу мене и Вејн Руни, немаат смисла пишувањата дека ние не зборуваме”.

„Вејн ги разбира причините зошто не е стартер. Причината беше комплетно тактичка, и тактиката која ја поставивме беше правилна”.

Прочитајте и:  Аморим: Манчестер jунајтед уште долго ќе страда

„Немам никакви недоразбирања со фудбалерот и тој ќе биде дел од натпреварот во недела”.

„Го оставив Шинџи Кгава на клупата по хет-трикот кој го постигна против Норич. Мислев дека за тоа повеќе ќе бидам критикуван”.

Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал.

- Реклама -