Тизер трејлер за „Монтевидео, видимо се“

Наскоро во кино салите во Србија ќе почне прикажувањето на второто продолжение на популарниот филм „Монтевидео, Бог те видео“ во кое ќе го видиме славниот актер Арманд Асанте.

Дејството во филмот со наслов „Монтевидео, видимо се“ се одвива во овој уругвајски град по пристигнувањето на фудбалерите. Дознајте што се случува со јунаците и како ќе се поигра судбината со нив додека се обидуваат да ги надиграат големиот Бразил, а потоа и домаќините, Уругвај.

Што ги чека во далечното Монтевидео, а што кога ќе се вратат во Белград по првенството, ќе дознаеме наскоро.

Филмот е во режија на Драган Бјелогрлиќ, а во главните улоги повторно ќе ги гледаме Милош Биковиќ, Петар Стругар, Виктор Савиќ, Никола Ѓуричко, Војин Цветковиќ, Небојша Илиќ, Драган Николиќ…

[youtube]http://youtu.be/Ojim8SI3tNI[/youtube]

- Реклама -