Компјутер за 17 евра (видео)

“Raspberry Pi” е компјутер создаден од креаторот на компјутерски игри, Дејвид Брабен. Компјутерот е исклучително мал, а со негова помош на буквално сите луѓе во светот ќе може да им се обезбеди пристап на интернет, со оглед на тоа што цената на уредот ќе биде помеѓу 11 и 17 евра.

Компјутерот со големина на просечен USB стик има само HDMI приклучок и USB порт, на обете страни. Иако се чини премногу мал за да биде функционален, овој компјутер користи процесор ARM 11 на 700 MHz, има меморија од 128 MB, а работи со OpenGL ES 2.0. Оваа потполно функционална машина овозможува и солиден графички приказ од 1080p.

Ниската цена на производот значи дека за брзо време тој може да стане достапен во голем број училишта низ целиот свет, на места кадешто компјутерите не се достапни за децата; и на тој начин и тие да бидат вклучени во интернет образованието. Креаторот на овој компјутер се надева дека ќе може набрзо да започне.

{youtube}pQ7N4rycsy4{/youtube}

- Реклама -