Збогувајте се со CAPS LOCK копчето

Кога Google, минатата недела го претстави нетбук прототипот со Chrome оперативен систем, забележливо беше оти недостасува едно копче од тастатурата – CAPS LOCK. На негово место има копче за пребарување што инстантно го вади полето за пребарување на Google.

Google не се единствени во мислењето дека е дојден крајот на CAPS LOCK копчето и оти тоа во суштина им служи само на тинејџерите кои не знаат дека може да се пишува и со мали букви. И други компании се залагаат во иднина тастатурите да бидат ослободени од оваа опција. Но, дали тоа е така умно, колку што изгледа на прв поглед?

Копчето CAPS LOCK првпат се појавило кај машините за пишување, во 1878 година, затоа што користењето на shift за пишување со големи букви, буквално го подигнувало целиот механизам и било пренапорно доколку требало да се напишат повеќе од неколку букви. Кога се појавија компјутерите, сето пишување беше со големи букви, но подоцна, кај PC, копчето CAPS LOCK повторно си ја поврати својата функција и токму затоа, до денес остана на тастатурите.

Прочитајте и:  Google ќе мора да го продава Chrome

Постојат и други, помалку или повеќе бескорисни копчиња на тастатурите кои и натаму остануваат во стандардните конфигурации (како на пример scroll lock), но се чини дека CAPS LOCK е првото од нив што ќе падне на тестот на времето.

Дали ќе ви недостасува ова копче, доколку целосно биде исфрлено од употреба? Дали никогаш повеќе нема да имате потреба ДА ПОТЕНЦИРАТЕ НЕШТО ВО НЕКОЈ ДЕЛ ОД ТЕКСТОТ?

- Реклама -