Марадона: Сакам да го тренирам Меси во Барса

Диего Марадона открива дека сонува за соработка со неговиот сонародник Лео Меси на Камп Ноу.

Марадона веќе го тренираше Меси во селекцијата на Аргентина во периодот од 2008 до 2010.

Легендата на Аргентина сега открива дека сонува да ја обнови оваа соработка со неговиот сонародник во Барселона.

„Мојот сон е еден ден да го тренирам Лео во Барселона” – рече Марадона во интервју за Marca.

Марадона исто така застана во одбрана на Меси, откако ѕвездата на Барса беше критикувана за слабите игри против Милан во Лигата на Шампионите и дуелот со Реал Мадрид во Копа дел Реј.

„Мислам дека никој нема право да го ’убие’ Меси на основа на лоши перформанси на само два натпревари, со оглед на големиот број погодоци што тој ги постигна оваа сезона”.

 

Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал.

- Реклама -