Во пресрет на пролетта, идеите за преуредување на балконот се добредојдени доколку посакувате истиот да го претворите во идеално место за одмор и релаксација.
Доколку во текот на зимата балконот ви служи за складирање на сѐ и сешто, убавото време е вистинска причина да ги отстраните непотребните предмети и да го преуредите во место за вашето утринско кафе или ручек со поглед на зајдисонце!
Еве неколку идеи за инспирација!