Направете си една поинаква салата богата со зеленчук и месо.
Состојки: 3 исечкани варени јајца, 8 кришки суво месо, 1 марула, варено пилешко, ворчестер сос, 2 авокада, 2 домати, овчо сирење, половина лажичка сенф, 1/4 вински оцет, 1 лук, сол, мелен црн бибер, 1/3 шолја маслиново масло.
Подготовка:Испржете го сувото месо, а потоа оставете го да се олади. Марулата ставете ја на дното на садот за салата, наредете ги врз неа јајцата, месото, пилешкото, авокадото и доматот.
На врвот на салатата додадете го сирењето, исечкано на парчиња. Измешајте ги сенфот, оцетот, ворчестер сосот, лукот, солот, биберот и маслиновото масло. Изматете ги состојките и прелијте ја салатата.
Добар апетит!