Volkswagen го комплетира Golf VII GTI

Volkswagen ја претстави својата нова генерација на Golf GTI, пред официјалната премиера на салонот во Женева. За прв пат во историјата на моделот ќе се нудат две нивоа на моќ. Првата, која е стандардна, нуди 220 КЅ, а кај втората – GTI Performance, моќноста достигнува 230 КЅ. И во двата случаи моторот е 2.0-литарски TSI и располага со 350 Nm.

Стандардната верзија GTI, е способна да забрза од место до 100 km/h за 6.5 секунди и да развиe 246 km/h. При GTI Performance забрзувањето e за 0.1 сек. помалку, а брзината достигнува 250 km/h. И двата модели се нудат со избор на рачна или автоматска трансмисија со две спојки DSG. Кај рачниот менувач со 6 брзини просечната потрошувачка на гориво е 6 l/100 km (139 g / km СО2). Kaj aвтоматската трансмисија, која исто така располага со шест брзини, потрошувачката на бензин е во просек од 6.4 l/100 km (148 g/km СО2). Генерално седмата генерација на Golf GTI е за околу 18% поекономична од својот претходник, соопштуваат Германците.

Прочитајте и:  „Фолксваген“ повлече над 114.000 возила во САД

Стандардниот Golf GTI се потпира на предни сопирачки дискови со големина 314 mm, а задните се 300 mm. Kaj GTI Performance сопирачките дискови имаат големина 342 и 310 mm. Покрај тоа тука е достапен и преден диференцијал со ограничено лизгање.

Volkswagen Golf VII GTI и Volkswagen Golf VII GTI Performance ќе се понудат најпрво на пазарот во Германија – во март. Цените стартуваат од 28.350 евра. На останатите пазари во Европа моделите ќе бидат достапни во текот на месец мај.

Текстот е објавен во соработка со Авто Плус.

- Реклама -