Потврден дизајнот на новата Lada

Компанијата АвтоВАЗ го потврди дизајнот на новиот модел на Lada, објавија медиумите во Русија, кои ја цитираат изјавата на претседателот на компанијата, Игор Комаров.

– Познато е дека подолг период работиме активно на пласирање на нов автомобил кој ќе биде на сосема нова платформа и над кој во моментов работи нашиот главен дизајнер Стив Мати, истакнува Комаров.

– Голем дел од новиот модел ќе биде со детали преземени од концептот Lada XRay кој го претставивме на салонот во Москва минатото лето. Тогаш тој освои прво место меѓу концептните модели за дизајн, што ни дава надеж дека ќе постигне сериозни успеси на пазарот. Дадено е зелено светло за изработка на ентериерот и екстериерот, па сега се работи на комплетно дотерување.

Комаров додаде дека компанијата развива исто така нов хечбек и кросовер. Освен тоа, новиот модел на Lada ќе биде поскап од Granta и Kalina, а во перспектива ќе го замени предводник на брендот – Priora. Новиот модел ќе треба да биде готов во 2015 година, а на пазарот ќе се појави една година подоцна.

Текстот е објавен во соработка со Авто Плус.

- Реклама -