Решена мистеријата стара 23 години: Откриен е гробот на Фреди Меркјури?!

Легендарниот пејач на групата Queen, кој почина во 1991 година на 45 години од компликации предизвикани од ХИВ, беше кремиран по неговата смрт, а последната желба на Фреди Меркјури била да не се открие каде е неговиот пепел. Само неговата поранешна свршеничка Мери Остин, на која пејачот ѝ ја остави куќата во лондонскиот кварт Кесингтон вредна 12 милиони фунти, знае каде се крие неговото вечно почивалиште.

Ако се верува на тоа што го пишува британскиот весник „Daily Mail“, ова повеќе не е мистерија, затоа што еден фотограф неодамна на лондонските гробишта Кенсал Грин открил надгробна плоча со натписот „Во спомен на Фарук Булсара“, што е вистинското име на Меркјури кој е роден во Занзибар, а неговите родители биле Иранци. На плочата на француски јазик пишувало: „Секогаш ќе бидам со тебе преку мојата љубов, М“, што асоцира на Мери Остин.

[youtube]http://youtu.be/3p4MZJsexEs[/youtube]

Постојат теории и дека пејачот е погребан во Занзибар, додека неговиот партнер Џим Халтон во 1994 година рекол дека верува дека вечното почивалиште на Меркјури е на гробиштата во Гарден Лоџ.

Членовите на потесното семејство на Меркјури сѐ уште не се огласиле на медиумските натписи. Тие ниту потврдиле ниту демантирале дали навистина е пронајден гробот на славниот и за некого никогаш непрежален пејач.

- Реклама -