Со вирално видео до натпревар во забивање (видео)

Со вирално видео до натпревар во забивање Џејкоб Такер бил одбиен од организаторите на натпреварот во забивање на колеџ ниво, затоа што е играч од третата дивизија, кој не е доволно познат. Тогаш, играчот висок само 180 см се решил да сними промотивно видео со забивања.

Многу бргу видеото стана вирално, а сега навивачите бараат тој да се појави во натпреварот, поради неговата креативност, но најмногу поради вертикалниот одраз кој е измерен помеѓу 127 и 130 сантиметри, цели 30 сантиметри повеќе од Блејк Грифин, победникот на натпреварот во забивање на Ол стар викендот во НБА.
{youtube}jEgcml1Wx1w{/youtube}

Прочитајте и:  Промоција на втората збирка раскази од Наде Ќосеска „Животен калеидоскоп“
- Реклама -