Смешен резултат по три продолженија

Смешен резултат по три продолженијаКошаркарскиот натпревар помеѓу високорангираните средни училишта од Тексас – Маркус и Вест, заврши со смешен резултат 38:31, иако се играа дури три продолженија.

Причина за овој бизарен резултат била тактиката на тренерот на Вест, кој екстремната одбрана ја видел како единствен начин да остане во трка за титулата. Тој ги насочил своите играчи да не им дозволат на ѕвездите од Маркус, Фил Форте и Маркус Смарт, да се разиграат. Двајцата заедно, на крајот од натпреварот постигнале само 19 поени.

Иако тренерот на Маркус ја предвидел оваа тактика како една од можните три опции што им преостанувале на противниците, сепак, за малку, на два пати ќе го загубел натпреварот, доколку играчите на Вест ги погоделе последните шутеви во регуларното време и во првото продолжение. Промашиле, а на крајот, подобриот тим победил со 38:31. [Plano West’s keep-away game plan nearly gives Wolves biggest win of season vs. Flower Mound Marcus]

- Реклама -