Најбрза тепачка во хокеј (видео)

хокејСите ние знаеме дека хокејот е насилен спорт. Во секој натпревар постои ризик двајца или повеќе од играчите да започнат та се тепаат. Како минува натпреварот, тензијата и ризикот растат.

Но, овој натпревар е малку поразличен. На овој натпревар во Русија, на двата тимови им беа потребни само 6 секунди по падот на пакот за да започнат да се тепаат. Иако судиите успеаја да воспостават контрола, едниот тим тврди дека ова бил претходно испланиран настан.

{youtube}ekH2zovSEIE{/youtube}

Неколку од играчите биле контактирани од полицијата и биле испрашувани за тепачката и можат да се соочат со тужби, а неколку луѓе имаат побарано тимот да биде исфрлен од Континенталната Хокеј Лига (лига која опфаќа 20 тимови од Русија и по еден тим од Белорусија, Казакстан и Летонија), а играчите да добијат доживотна забрана за играње.

Прочитајте и:  „Што носеше кога сама си го бараше?“
- Реклама -