Некогашниот најдобар светски фудбалер, бразилецот Роналдо ќе го изведе почетниот удар во неделното дерби на 26то коло во француското првенство помеѓу ПСЖ и Олимпик Марсеј.
„Одлучивме да му оддадеме почит на некогашниот бразилски репрезентативец Роналдо кој ќе биде гостин на натпреварот ПСЖ – Марсеј“, соопштија од парискиот клуб.
Двојниот освојувач на Златната топка и некогашен светски шампион со Бразил никогаш нема играно во Франција, но сепак од ПСЖ се одлучија да му оддадат признание за се што има направено во неговата голема кариера. Дополнително интересно на неделниот наптпревар би можело да биде и дебитирањето на Дејвид Бекам, некогашниот соиграч на Роналдо од Реал Мадрид.