Хајле Гебресиласие, најдобриот маратонец на сите времиња и човекот кој го држи светскиот рекорд на најдолгата атлетска патека (2:03:59), вчера ја заврши кариерата, откажувајќи се од њујоршкиот маратон, по истрчани 25 километри, поради повреда на коленото.

„Никогаш не сум размислувал за пензионирање, но за првпат, ова е тој ден“ изјавил атлетичарот од Етиопија, во кусата прес-конференција по трката. Тој потоа говорел страстно за нештата што сака да ги подобри во својата земја, каде што има две училишта и неколку бизниси (претставништво за автомобили, кино, хотел, итн.).
Првично, Гебресиласие најавуваше дека активно ќе се натпреварува барем до Олимписките игри во Лондон во 2012 година. Запрашан за тие најави, тој едноставно рекол: „Зошто да се пензионирам? Зошто да се пензионирам по три или четири години? Се пензионирате во моментот кога ќе ги изустите зборовите“. [Haile Gebrselassie announces his retirement]