Најстариот син на Мајкл Џексон, 16-годишниот Принц, заплива во новинарските води откако постана специјален соработник на ТВ емисијата „Entertainment Tonight“. Прва задача на Принц била да интервјуира членовите на екипата од филмот „Oz the Great and Powerful“, а ќе биде емитувана наредната недела.
„ET“ помпезно го најавува својот нов новинар во реклама со разговор помеѓу Принц и новинарката Брук Андерсон. Кога водителката го пофалува дека е зрел за своите години, Принц одговара дека и сите останати му го велат тоа, таков е благодарение на неговиот татко, кој го има воспитано како што треба. Принц имаше само 12 години кога Мајкл Џексон почина и од тогаш живее кај својата баба Кетрин, заедно со сестра си Парис и помалиот брат Бланкет.
[youtube]sYpwQiD9ExE[/youtube]