Морски мотиви во вашиот дом

Доколку мислата за одмор на море сѐ почесто го посетува вашиот ум, а до летото има уште многу време, можете со помош на неколку морски мотиви да создадете слична атмосфера во вашиот дом. Најважно е да ја размрдате вашата фантазија!

Кога ги бирате боите внимавајте на сите нијанси кои се главна асоцијација на морето, сонцето и пространството. Дајте ѝ примат на сината, од тиркизно – зелената до темно сината, потоа на светло кафената, односно бојата на песокот како и комбинацијата од бело, црвено и темно сино како симбол на морнарството.

1

Можете да се одлучите за завеси со морски дезен, како на пример, школки, морски животни, бродови итн. Ентериерот украсете го со декоративни школки, сувенири донесени од вашиот последен одмор на море како и со украсни бродови!

2 3 4 5 6 7 8

 

- Реклама -