Берт Траутман бил воен заробеник во Англија, во текот на Втората светска војна. По завршувањето на војната, останал во земјата и по сплет на околности, а и покрај протестите на навивачите, се нашол на голот на Манчестер Сити. Во финалето на ФА купот во 1956, бранел и покрај скршеницата на вратот. За ова, тој доби одликување – Орден на Британската Империја.
Берт Траутман бил воен заробеник во Англија, во текот на Втората светска војна. По завршувањето на војната, останал во земјата и по сплет на околности, а и покрај протестите на навивачите, се нашол на голот на Манчестер Сити. Во финалето на ФА купот во 1956, бранел и покрај скршеницата на вратот. За ова, тој доби одликување – Орден на Британската Империја.
Берт Траутман бил падобранец, член на Луфтвафе во текот на Втората светска војна. Откако бил заробен, бил пратен во камп за заробеници. По крајот на војната, кампот бил затворен, а Берт ја одбил понудата за репатријација решавајќи да остане во земјата. Започнал да работи како фармер, а во слободното време бранел за малиот аматерски тим од околината на Ливерпул – Сент Хеленс Таун.
Добрите перформанси го привлекле вниманието на прволигашот Манчестер Сити кои му понудиле договор. Фактот што се работело за поранешен германски војник предизвикал масовни протести на навивачите, што на крај резултирало со демонстрации со преку 20 илјади учесници. Секако, сето тоа драстично се сменило по финалето на ФА купот во 1956 година.
Откако претходната година Сити биле поразени во финалето, посериозно пристапиле кон тој натпревар против Бирмингем Сити. Нештата оделе добро и натпреварот на крајот завршил 3:1 за Сити. Но, голем дел од заслугите за титулата одат кај Берт Траутман. Во 75-та минута, Питер Марфи го удрил со колено во вратот. Иако бил во ужасни болки, продолжил да игра, одбранувајќи неколку невозможни удари, кои подоцна се покажале клучни за победата.
Првичните проценки на докторите биле дека се работи за модринка што ќе помине за неколку дена, но откако не поминала, Берт побарал второ мислење, биле направени рентгенски снимки, кои покажале дека вратот му бил скршен. 5 пршлени во вратот биле изместени, а вториот бил скршен на две места. Она што му го спасило животот била чудната среќна околност при која третиот пршлен се заглавил во вториот и го заштитил од понатамошно оштетување, што ќе резултирало со негова сигурна смрт.
За ова херојско дело, Берт Траутман, во 2005 година беше одликуван од кралицата на Англија со највисокото можно признание – Орденот на Британската Империја.