Бијонсе ја откри тајната на нејзината завидна фигура

Тренерот на поп дивата Бијонсе откри дека пејачката јадела еден вегански оброк дневно за да ги симне килограмите кои ги добила во бременоста.

31-годишната мајка во интервју минатата недела и призна на Опра дека качила неверојатни 25 килограми додека била бремена со ќерката Блу Ајви. Кога се породила избегнувала храна од животинско потекло за да го доведе телото во совршена форма.

grammys-2013-best-dressed-beyonce

Нејзиниот тренер Марко Боргес открил за магазинот „Life & Style“ дека веганската исхрана им ја препорачува на своите клиенти затоа што така јадат повеќе зеленчук. Се чини дека постојат и докази кои ја поддржуваат препораката на Боргес.Веганската исхрана, која исклучува консумација на сите животински производи, вклучувајќи млечни производи и јајца, е една од најпопуларните диети за 2013 година според изборот на „Daily Beast“. Иако правилата на диетата се строги, меѓу корисните работи на веганскиот начин на живот се намалување на холестеролот и крвниот притисок, намалување на ризикот од срцеви болести и слабеење.

Прочитајте и:  Како да се изгубат 5-10 килограми до Божиќ?

beyonce-osman

Но, ова не била радикална промена за Бијонсе. Таа дури и за време на бременоста со сопругот Џеј Зи делумно се придржувале на веганскиот режим на исхрана. По раѓањето на Блу Ајви, Бијонсе продолжила со веганските намирници, па така нејзината ужина сега се состои од зелени јаболки и краставици прелиени со оцет, црвена пиперка и лимон.

vegan-treats

Но, Бијонсе не ја одржува совршената линија само со диета туку и со интензивни тренинзи. Неколку недели пред настапот на „Super Bowl“ пејачката напорно тренирала кардио вежби, пишува „Mail Online“.

- Реклама -