10 забрани за бремените жени

Бременоста безусловно е еден од најубавите периоди во животот на секоја жена. Чувството дека во вас расте нов живот е доволно благородно да направите сѐ за растот на плодот во вашата утроба да биде правилен.

Жените признаваат дека за време на бременоста се чувствуваат како кралици, но сепак и за нив постојат неколку добронамерни забрани.

1. Подигањето на тежина поголема од 3 килограми е забранета за сите трудници. Подигањето тешки предмети може да предизвика покачен притисок на абдомeнот, а тоа подразбира ризик од спонтан абортус.

4e6e550f298e7f6004d358a3cb05ef52

2. Рентгенското и флуорографското сликање може да биде штетно за нервниот систем на плодот поради што е препорачливо воздржување од испитувања започнувајќи од третата недела до крајот на бременоста.

3. Одамна е познато штетното влијание на алкохолот и наркотиците на плодот. При редовно консумирање на истите ризикот од недоносување на плодот е 10 пати поголем од вообичаено, потоа следи ризикот од раѓање на мртов плод – 30 пати поголем и раѓање на плод со вродени аномалии – ризик зголемен за 60 пати.

Avoiding_alcohol

4. Тешките видови на спорт како што се тешкиот вид на атлетика, јавањето и велосипедизмот се забранети за бремените. Експертите препорачуваат за време на бременоста да ги замените со пливање, брзо одење, како и специјална гимнастика или јога за бремени.

5. Вештачки засладувачи кои претставуваат замена за шеќерот може да имаат негативно влијание на вашето идно новороденче. Тие содржат хемиски соединенија како што е сахаринот кој во големи количини го оневозможува правилното развивање на централниот нервен систем кај плодот.

diet drink-pregnancy

6. Посетата на солариумот и предолгото изложување на сонце се исто така штетни. Влијанието на ултравиолетовите зраци предизвикува зголемено лачење на надбубрежните и тироидната жлезда како и зголемена појава на машки хормони кај трудницата што може да биде причина за комплицирана бременост. Ултравиолетовите зраци се најголеми непријатели на имунитетот на мајката и плодот.

7. Вибро – масажите и хидро – масажите кај бремените треба да бидат одобрени со консултација на лекар. Процедурите со апаратни масажери може да бидат штетни доколку станува збор за ризична бременост бидејќи го зголемуваат крвниот притисок и ја стимулираат работата на мускулите.

8. Сауните и бањите се опасни бидејќи високите температури ги прошируваат крвните садови и го забрзува срцебиењето поради што може да се појават проблеми со дишењето. Истото важи и за студениот туш кој се користи по парењето во сауна или бања.

9. Лековите кои ги земаат трудниците не треба да бидат без претходна консултација, односно рецепт од стручно лице.

5e5009bd0b393eea3ee6e2c54c28dc2e

10. Кофеинот во кафето и концентрираните чаеви не се задржуваат во плацентата туку одат директно во крвта на плодот и може да предизвикаат застој во развивањето на плодот како и проблеми со срцето и нервниот систем на детето.

- Реклама -