Како топката за на плажа го победи Ливерпул (видеа)

Пепе РејнаВчерашниот натпревар помеѓу Сандерленд и Ливерпул заврши со победа на домаќините од 1:0. Дарен Бент го постигна голот уште во петтата минута, а сè послабиот напад на Ливерпул не успеа да возврати до крајот. Она што е најинтересно е што иако се чинеше дека Пепе Рејна го процени шутот на Бент и без проблеми ќе ја прифати топката – друга топка (за на плажа) го промени правецот на официјалната топка и му донесе 3 поени на Сандерленд и место на табелата над вчерашниот противник.

Вчерашниот натпревар помеѓу Сандерленд и Ливерпул заврши со победа на домаќините од 1:0. Дарен Бент го постигна голот уште во петтата минута, а сè послабиот напад на Ливерпул не успеа да возврати до крајот. Она што е најинтересно е што иако се чинеше дека Пепе Рејна го процени шутот на Бент и без проблеми ќе ја прифати топката – друга топка (за на плажа) го промени правецот на официјалната топка и му донесе 3 поени на Сандерленд и место на табелата над вчерашниот противник.

{youtube}zxQTh-im1c0{/youtube}

Прочитајте и:  Слот израмни рекорд во Премиер лигата

Сепак, ова не е ништо ново. Лани, екипата на Манчестер Сити испадна од ФА купот од Шефилд Јунајтед, откако одбраната не успеа да расчисти една лесна топка, затоа што нивните навивачи го преплавија теренот со светло сини балони.

{youtube}yLyHSI3bYd0{/youtube}

- Реклама -