Како што одминуваат годините, фудбалот станува сè подобро тло за бизнис. Во една таква ситуација, фудбалерите не можат а да не бидат заведени од астрономските суми пари што им се нудат како компензација за нивните услуги. Следи топ листата на десетте трансфери кои се очигледно направени од финансиски интерес, но поради некоја несфатлива причина, оние што ги направија, со сите сили го одрекуваат тоа.
Како што одминуваат годините, фудбалот станува сè подобро тло за
бизнис. Во една таква ситуација, фудбалерите не можат а да не бидат
заведени од астрономските суми пари што им се нудат како компензација
за нивните услуги. Следи топ листата на десетте трансфери кои се
очигледно направени од финансиски интерес, но поради некоја несфатлива
причина, оние што ги направија, со сите сили го одрекуваат тоа:
10. Сол Кембел
Сол Кембел на 2 пати во својата кариера направи слободен трансфер користејќи го Босман правилото и поради тоа, успеа да се избори за поголема плата. Првиот пат беше од Тотенхем во Арсенал, а вториот, оној што му обезбеди место на оваа листа. Тој замина за Портсмут, велејќи дека оди таму во потрага по потопла клима.
9. Роке Санта Круз
Кога пристигна во Премиер лигата, Роке Санта Круз се навикна на играта неверојатно брзо. Но, втората сезона беше неверојатно разочарувачка (во споредба со дебитантската). Оттука и констатацијата дека мотивите на Манчестер Сити за купување на овој играч се по малку сомнителни, иако неговите мотиви за прифаќање на трансферот воопшто не се.
8. Герет Бери
Столбот во играта на Астон Вила на 2 пати беше пред сигурен трансфер во голем клуб. Прво во Ливерпул, а потем и во Арсенал. Но, кога стигна понудата од преполните со пари Манчестер Сити, сите го видоа неговото вистинско лице. Бери денес останува само со еден проблем – каде да ги потроши 130-те илјади фунти кои ќе ги заработува секоја недела.
7. Карлос Тевез
Аргентинецот беше еден од клучните трансфери на Манчестер Сити ова лето. Иако Јунајтед не направија доволно да го задржат, милијардите на Абу Даби групацијата направија сè за да го привлечат.
6. Емануел Адебајор
И повторно Манчестер Сити. Тогоанецот заработуваше 30 илјади фунти неделно во Арсенал. Потоа побара да му биде зголемена платата за точно 4 пати. Топчиите одбија, а Сити одлучи да му даде 170 илјади. Адебајор замина со првиот авион.
5. Дејвид Бекам
Кога некој ќе го напушти најголемиот клуб на светот, за да игра во една од лигите во кои ѕвездите одат за да ја завршат својата кариера, мора да се заклучи дека парите имале голем уддел. Но, Бекам го има својот договор од 128 милиони фунти за 5 години, за да му ги оттргне мислите од очигледното.
4. Кристијано Роналдо
Кристијано Роналдо беше прогласен за играч на годината и со своите вештини си отвори пат до омилениот клуб на мајка му. Но, кога некој ќе се пожали дека рекордните 200 илјади фунти неделна плата не се доволни, тогаш заслужува да биде на оваа листа.
3. Андриј Шевченко
Шевченко дојде во Челзи како еден од најпродуктивните напаѓачи во Европа. Доаѓајќи со такво реноме, Челзи немаше друг избор освен да му даде плата од 110 илјади фунти неделно. Но, откако потпиша, очигледно Шевченко реши да одмори. И одмора оттогаш наваму, постигнувајќи бедни 22 гола за клубот во сите натпреварувања.
2. Робињо
Робињо се обиде со истата тактика како и Адебајор. Отиде кај раководството на Реал Мадрид и побара пари. Откако го одбија, си замина. Манчестер Сити му дадоа 160 илјади фунти неделно, а тој беше толку среќен со тој договор, што во едно од првите интервјуа ни откри дека не знае со кого потпишува, изјавувајќи оти е среќен што ќе игра за Челзи. Честа грешка, нема што!
1. Ешли Кол
Сосема заслужено, првото место на оваа листа оди кај првиот алчник во модерниот фудбал. Не само што го предаде клубот кој го направи тоа што е, грижејќи се за него од мали нозе, туку реши да замине кај еден од најлутите ривали на Арсенал – Челзи. И сето тоа за бедни 10 илјади фунти повеќе неделно.