На Лондонската недела на модата, вчера вечерта Вивиен Вествуд ја претстави колекцијата есен/зима 2013.
Една од највлијателните и најексцентричните модни дизајнерки во светот, која британците ја нарекуваат национално богатство, овој пат ја претстави жената во улога на „Хичкок-хероина“.
Прочуениот панк изглед, Вивиен Вествуд одлично го искомбинира во нејзината последна колекција, а на ревијата дизајнерката се појавила во маица со натпис: „Јас сум Џулијан Асанж“.
„Жената која ја носи оваа колекција вози брза кола и секогаш има црвен кармин на усните“, изјави Вествуд за своите креации.