Доналд Трамп за Бијонсе: Настапот на Super Bowl беше срамен

Познатиот бизнисмен Доналд Трамп го искритикува настапот на Бијонсе на овогодишниот Super Bowl оценувајќи дека бил крајно непримерен за една таква манифестација.

Гостувајќи кај радискиот водител Хауард Стерн, 60-годишниот бизнисмен остро го критикуваше начинот на кој Бијонсе играла.

„Некој друг да мрдаше со колковите така сугестивно како таа, тоа ќе беше национален скандал. Мене тоа ми беше смешно и сметам дека никако не беше соодветно за една таква манифестација“, рекол тој.

Сепак, подоцна се обидел да се оправда.

„Но, никој не го спомна нејзиното скандалозно играње. Тогаш очигледно тој настап и не бил толку лош. Можеби ќе се извлече овој пат“, заклучил Трамп.

Се прашуваме што ќе рече Бијонсе на овие критики…

Прочитајте и:  Елен Деџенерис наводно се иселила од САД поради победата на Трамп

[youtube]http://youtu.be/OdeyqChOSwk[/youtube]

- Реклама -