Кошаркарот на Универзитетот Охајо Стејт и автор на еден од најпопуларните блогови – Клуб Трилион – погледи од дното на клупата за резерви; реши да се пријави на драфтот за НБА лигата. Комесарот Дејвид Штерн лично се јавил во Универзитетот и „замолил“ тој да се откаже од ваквата идеја.
Кошаркарот на Универзитетот Охајо Стејт и автор на еден од
најпопуларните блогови – Клуб Трилион – погледи од дното на клупата за
резерви; реши да се пријави на драфтот за НБА лигата. Комесарот Дејвид
Штерн лично се јавил во Универзитетот и „замолил“ тој да се откаже од ваквата идеја.
Шансите на Марк Титус да заигра во НБА лигата се отприлика еднакви со шансите на кој и да е човек што некогаш фатил баскет во рака и го шутнал кон некој маалски кош. Но, сепак, тој решил да си ги испроба шансите.
Откако челниците на лигата ја забележале неговата апликација, некој се јавил во управата на Универзитетот и побарал Марк да биде замолен да се повлече од драфт листата, за да се избегне правењето пародија на целиот процес. Нормално, блогерот останал на своето, по што се случил втор телефонски повик, од Дејвид Штерн кој соопштил дека апликацијата на Титус мора да се повлече или… Никој не знае што ќе се случело доколку тврдоглавоста ја терал до крај. Апликацијата беше повлечена, поради тоа што, како што самиот подоцна напиша на својот блог – можеби НБА не е организација со која треба да се подбивате. Ми изгледаат опасно!
На прашањето од неговите интернет фанови – дали е вознемирен поради тоа што му се случило, тој одговорил – не, напротив. Наместо да ми е мака затоа што се однесуваа дискриминаторски, чест ми е што сум веројатно првиот човек во историјата на кого лигата му кажала – оди си!
Доколку Марк Титус не беше познат заради својот блог, лигата несомнено ќе дозволеше неговото име да остане на драфт-листата и тоа да биде игнорирано од скаутите на секој НБА тим. Но, во овој случај, убаво е што се сетија на време да го запрат обидот на овој млад човек да види како изгледаат нештата однатре. Катастрофата за малку беше избегната!