Најдобрите скејт паркови во светот (2. дел)

intro_skejt_2.jpg Вториот дел посветен на најдобрите скејт паркови во светот ги носи местата за кои сонува секој што себе се смета за скејтер. Ваше е да одлучите меѓу Англија, Јапонија, Флорида и Калифорнија. Слободно разгледајте.


Вториот дел посветен на најдобрите скејт паркови во светот ги носи местата за кои сонува секој што себе се смета за скејтер. Ваше е да одлучите меѓу Англија, Јапонија, Флорида и Калифорнија. Слободно разгледајте.

Stoke Plaza, Stoke-On-Trent, Англија
stoke_plaza.jpg

Најоригиналниот скејт парк во Европа кој освои неколку награди за дизајн е Stokeplaza во Англија отворен во 2005 година. За да се покрие секој аспект на уличниот скејт вложени се речиси 600 000 фунти, а посетителите се добредојдени секој ден од неделата. Овој скејт парк се базира на елементи од градските плоштади и улици, и еден од првите од ваков тип во Англија и моментално најголем во Европа, а што е уште поважно влезот во Stoke Plaza е бесплатен. А дури и ако сте таму само за некому да му правите друштво за вас има издвоено доволен број безбедни пешачки патеки.

stoke_plaza_2.jpg
stoke_plaza_3.jpg
{youtube}pc6vyTCgPdE{/youtube}
Kona Skate Park, Џексонвил, Флорида
kona.jpg

Пастелно обоениот асфалт во Kona скејт паркот одигра голема улога во прославувањето на најстариот приватен скејт парк во светот. За десетина долари добивате можност да се забавувате во огромниот скејт парк кој датира уште од 1977 година. А почетниците добиваат бесплатни лекции секое саботно утро. Kona е дел и од многу видео игри, благодарение на легендарниот статус и посетата на Tony Hawk, Bob Burnquist и Christian Hosoi.

kona_2.jpg
kona_3.jpg
kona_5.jpgkona_6.jpg
{youtube}OS4GpIUYOnY{/youtube}
Прочитајте и:  Медиуми во ЕУ: Путин го пречекори опасниот праг
Amazing Square, Јапонија
amazing_square.jpg

Може ли да има „нај“ листа, а Јапонија да не се најде на неа? Не, барем не кога станува збор за екстремните спортови. Amazing Square има се` што еден скејтер може да посака, а забавата е неограничена бидејќи овој скејт парк е отворен 24 часа дневно.

amazing_square_2.jpg
{youtube}99N_k5cE8Go{/youtube}
Lake Cunningham Regional Skate Park, Калифорнија
lake_cunningham_regional_skate_park.jpg

На повеќе од 12 000м2 се простира Lake Cunningham скејт паркот што сите посетители ги остава без здив. Ако имате желба да возите на беспрекорен бетон и да не се плашите дека местото брзо ќе ви здодее тогаш ова е вистинскиот скејт парк за вас.

lake_cunningham_regional_skate_park_4.jpg
lake_cunningham_regional_skate_park_5.jpg
lake_cunningham_regional_skate_park_6.jpglake_cunningham_regional_skate_park_7.jpg
{youtube}vQoT8gxu0HM{/youtube}
- Реклама -