Најсилни женски ерогени зони

Не постои ништо посексипилно од маж кој знае што прави во кревет. Без оглед на неговата способност и знаење многу е мала веројатноста од прва да ги пронајде сите женски ерогени зони. Причината е едноставна: секоја жена е различна. Сепак, постојат четири заеднички точки кои претставуваат најсилни ерогени зони на женското тело.

Задниот дел од вратот

Вратот е позната и честа ерогена зона како кај жените, така и кај мажите.

Долниот дел од грбот

Нежните допири на долниот дел од грбот може да биде добар гест, но бакнежите на ова место дава сосема поинакво чувство. Долниот дел на грбот, односно подрачјето над задникот е силна ерогена зона.

Стопалата

Иако постојат жени кои обожаваат мажите нежно да ги бакнуваат нивните стопала и прсти, повеќето не ги интересира овој начин на заведување. Меѓутоа, постои една силна ерогена зона која не вклучува бакнежи, туку нежни допири. Станува збор за средината на стопалото. Нежните допири во текот на сексот можат да бидат вистински погодок за оргазам.

Ушите

Повеќето мажи ја користат оваа ерогена зона на сосема погрешен начин. Не е работата само да го излижат увото, туку да си играат со ушната ресичка.

Испробајте и уживајте во магијата на човечкото тело!

- Реклама -