Евгени Плушенко – крал на мразот (видео)

plushenkoМинуваат натпреварувањата по уметничко лизгање на мраз, а прашањето кое си го поставува ат љубителите на ваквиот спорт е: „Каде е Плушенко“. Еден од најдобрите лизгачи на сите времиња, петкратен европски, три пати светски и олимписки шампион во 2006, по освојувањето на олимпискиот медал се изгуби од натпреварувачката сцена. До 2007 се појавува на егзибиции, а во Јули 2007 прави операција на коленото која му ги одлага плановите за враќање на натпреварувачката сцена.

Минуваат натпреварувањата по уметничко лизгање на мраз, а прашањето кое
си го поставува ат љубителите на ваквиот спорт е: „Каде е Плушенко“.
Еден од најдобрите лизгачи на сите времиња, петкратен европски, три
пати светски и олимписки шампион во 2006, по освојувањето на
олимпискиот медал се изгуби од натпреварувачката сцена. 

plushenko1

До 2007 се
појавуваше на егзибиции, а во Јули 2007 направи операција на коленото која
му ги одлага плановите за враќање на натпреварувачката сцена.

Но сето тоа не го сопре неговиот ентузијазам. Најголемиот шоумен на мраз според многумина, и еден од најталентираните лизгачи ќе се врати на шампионатите во лизгање, според плановите, 2008 или 2009 година. Исто така тој планира да настапи и на Олимписките игри 2010 година. Дали паузата која ја направи или повредата која ја имаше ќе влијае на неговите брилијантни перформанси или не останува да видиме, а до тогаш еве видео од еден од неговите најпознати настапи, на тема на Tom Jones – Sex Bomb.

{youtube}Ni2jOq6Eh_o{/youtube} 

- Реклама -