Медитерански омлет

Подгответе си еден поинаков омлет, кој се приготвува лесно и брзо. Уживајте приготвувајќи го за појадок, ручек или една лесна вечера.

Состојки:
1 лажичка маслиново масло
1/2 чаша ситно исечкани шери домати
1 лажица исечкано младо кромитче
оригано
2 лажици фета сирење
1 лажица ситно исечкани црни маслинки
2 големи јајца
сол по вкус

Начин на подготовка:
Запржете ги доматите, кромитчето ориганото, додека не омекнат доматите. Тргнете ги од оган и додадете го сирењето и маслинките. Во друга тава направете омлет и наполнете го со смесата.
11edf12_e_vert

 

Прочитајте и:  Колку јајца можете да јадете на ден ако имате висок холестерол?
- Реклама -