Човек без нозе истрча 100 метри под 11 секунди

trkac_beznoze_ppВремињата на тркачот со хендикеп Оскар Писториус се доближуваат до најдобрите светски, а се над моментните македонски времиња и некои наши рекорди. Тој стана прв човек без две нозе кој истрчал 100 метри за помалку од 11 секунди, со помош на протези.

trkac_beznozeВремињата на тркачот со хендикеп Оскар Писториус се доближуваат до најдобрите светски, а се над моментните македонски времиња и некои наши рекорди.

Јужноафриканскиот спринтер Оскар Писториус стана прв човек без две нозе кој истрчал 100 метри за помалку од 11 секунди, со помош на протези. Писториус (20), кому двете нозе му се ампутирани, ја истрча патеката од 100 метри за 10,91 секунди, на првенството за инвалиди на Јужна Африка. Тој го собори рекордот на Американецот Марлон Ширли од 2002 година (11,08).

Светскиот атлетски рекорд на 100 метри изнесува 9,77 секунди, а е во сопственост на Јамајканецот Асафа Пауел и на Американецот Џастин Гатлин.

Националниот рекорд на Македонија на 100 метри е на Христо Христов, кој времето од 10,65 секунди го истрча во 2002 година во Скопје. Христов е Бугарин со македонски пасош, кој трчаше за АК 7 Мај од Скопје. Претходно, националниот рекорд беше на Мартин Крајчевски (10,79 од 2000 година). На последното Балканско првенство во БиХ во 2006 година, нашиот репрезентативец Филип Митревски истрча 100 метри за 11,81 секунди.

Прочитајте и:  Пол ги демантираше гласините: Борбата со Тајсон не била наместена

На 200 метри, Писториус исто така постигна светски рекорд во својата категорија, а патеката ја истрча за 21,60 секунда, со што го подобри сопствениот светски рекорд од лани (21,66). Светски рекорд во таа дисциплина е 19,32 секунди, а го истрча Мајкл Џонсон (САД) во 1996 година. Македонскиот рекорд на 200 метри е од 1983 година, а му припаѓа на Исмаил Мачев (21,80). На БП во БиХ, во минатиот септември, нашиот претставник Далибор Спасовски истрча 200 метри за 22,57 секунди.

виа.

 

- Реклама -