Словенец го преплива Амазон

brazil_amazon_swimmer_ppСловенечкиот маратонец во пливање Мартин Стрел е прв човек кој
препливал долж целата река Амазон, и така постави нов рекорд во долго
пливање, откако за 66 дена преплива 5.265 километри.

 

brazil_amazon_swimmer_xvc101

 

Словенечкиот маратонец во пливање Мартин Стрел е прв човек кој препливал долж целата река Амазон, и така постави нов рекорд во долго пливање, откако за 66 дена преплива 5.265 километри.

Стрел (52) го заврши овој потфат четири дена порано од планираното, во близина на бразилскиот град Белем, 2.440 километри северно од Рио де Женеиро.

Стрел дневно пливал по 80 километри, а на крајот од маратонот имал вртоглавица, мачнини и сончаница, но според него, најтешките моменти биле кога не можел сам да излезе од водата.

Од Гинисовата книга на рекорди е соопштено дека ќе им бидат потребни неколку недели да го потврдат новиот рекорд.

Маратонецот Стрел досега ги препливал реките Дунав и Мисисипи.

via.

 

[Man ends 9-week, 3,272-mile Amazon swim]

 

- Реклама -