Романтични коктели

Во трка со напорното секојдневие забораваме на партнерот, забораваме на почитта кон највозвишеното чувство, едноставно забораваме да ги покажеме емоциите. Денешниов ден е идеален за пронаоѓање на суперлативот во сѐ – во партнерот и во заедничката поврзаност со него, без оглед на околностите.

Токму затоа одлучете се за романтика. Освен тивка музика и омиленото јадење на трпезата изненадете го партнерот со коктел чиј вкус е вистински афродизијак и синоним за прекрасно помината ноќ.

Доколку не се сте љубители на виното или едноставно сакате поинаков Свети Валентин Ви предлагаме неколку рецепти за љубовни коктели!

Bubble gum – трогателна невиност со вкус на мастика за џвакање

50 мл ликер од сливи
50 мл ликер од портокал
50 мл ликер од банана

350146

Saya suka Bali (Љубов кон Бали) – чувство дека сте сами на пуст остров

40 мл светол рум
45 мл сок од портокал
45 мл сок од ананас
15 мл ликер од портокал
15 мл сируп Grenadine
15 мл бадемов сируп

397538_10151312816328224_1642643932_n

Day&Night –расположение со вкус на ванила

50 мл ликер од кафе
50 мл ликер од ванила
50 мл чоколаден прелив
150 гр пудинг од ванила
50 мл млеко

koktel

ForYou – енергија за многу бакнежи

30 мл ликер од личи
30 мл сок од портокал
60 мл сок од грејпфрут

New-Year-Resolution-Cocktails

- Реклама -