Проѕирен 3D дисплеј (видео)

дисплејИван Сатерленд го нарекол компјутерскиот дисплеј „огледало кое води во математичка земја на чудата“. И покрај напредоците во технологијата за 3D дисплеи нашите интеракции со компјутерите сè уште се заглавени во 2D формат.

Проѕирниот 3D десктоп е 3D просторна оперативна средина која му овозможува на корисникот да има директна интеракција со неговиот виртуелен десктоп. Корисникот може да посегне во проектираната 3D средина со своите раце и директно да ги манипулира прозорците.

{youtube}GAWCzUyzpLE{/youtube}

Корисниците слободно можат да го отворат проѕирниот 3D десктоп и да пишуваат со помош на тастатурата или да користат trackpad како кај традиционална 2D оперативна средина. Прозорците и документите изгледаат како да се сместени во 3D просторот помеѓу екранот и работната површина. Корисникот може да ги подигне своите раце за да ги манипулира прикажаните прозорци во овој 3D простор.

Уникатна комбинација на проѕирен дисплеј и алгоритам за детекција на 3D гестови го одредува просторот и 3D рендерирањето без да ги ограничува корисниците со надворешни направи. Проѕирен 3D десктоп е термин кој ја опфаќа целината составена од потребниот софтвер, хардвер и дизајнот на технолошките компоненти потребни за создавање на оваа оперативна средина. [See-Through 3D Desktop]

- Реклама -