Фотографирање лавови со BeetleCam (видео)

лавовиФотографите Вилијам и Метју Бурард-Лукас имале идјеа која им овозможува да направат неверојатни фотографии од лавовите во кениските национални паркови. Браќата сфатиле дека наједноставен начин за приближување до лавовите е со далечински управувани камери.

{youtube}upOB3KnFbC8{/youtube}
 
Тие ја создале направата позната како BeetleCam – далечински управувана подвижна платформа за нивните камери – која им овозможува да ги набљудуваат животните од безбедноста на нивниот теренец. Тие во 2009 изјавиле: „BeetleCam е далечински управуван автомобил со камера. Првата BeetleCam ја создадовме во 2009 за да можеме да ги фотографираме опасните африкански животни.“

- Реклама -