Не постои фотограф кој не се нашол во ситуација каде некој влетал во фотографијата и ја уништил планираната композиција. Шведската компанија Scalado сега ја најавила својата “remove” технологија која ќе овозможи отстранување на несакани предмети и луѓе кои влетале во рамката.
Технологијата – која ќе биде презентирана на Mobile World Congress – прави неколку последователни фотографии кои потоа му овозможуваат на фотографот да ги отстрани несаканите елементи и да ги пополни празнините со соодветната позадина. Претставник на Scalado изјавил: „При создавање на фотографија на високопрометна локација, како на пример на плоштад или концерт, често е многу тешко да се создаде чиста фотографија без несакани предмети. Сега можете да ја направите фотографијата и едноставно да ги отстраните несаканите елементи.“
{youtube}flNomXIIWr4{/youtube}