Франција стана геј френдли земја

Францускиот парламент со мнозинство гласови, 329 „за“ и 229 „против“ го усвои предлог законот со кој на двојките од ист пол им се овозможува да стапат во брак и да посвојуваат деца.

Одлуката за легализација на геј браковите во Франција претставува најкрупна општествена реформа од укинувањето на смртната казна во 1981 година. На неа, сепак, се противат конзервативците како и многу француски муслимани и припадници на други христијански цркви.

topics_samesex_395-sfSpan

Доколку предлог законот на 2 април ја добие поддршката и во Сенатот, Франција ќе и се придружи на групата од 11 земји, меѓу кои се Белгија, Португалија, Холандија, Шпанија, Норвешка и Јужна Африка, во кои истополовите бракови се легални.

Анкетите покажуваат дека меѓу 55 и 60 отсто од француските државјани ги поддржуваат истополовите бракови, додека околу 50 отсто ја поддржуваат одлуката геј паровите да посвојуваат деца.

- Реклама -