Истражувачи создале нов тип на метал кој е најлесниот материјал во светот – и истиот би можел да се најде во батерии и амортизери во иднината. „Микромрежата“ од никел-фосфор всушност се состои од 99,99 проценти воздух. Останатиот 0,01 процент се состои од испреплетени шупливи цевки со дебелеина на ѕид од 100 нанометри или 1000 пати потенко од човечко влакно.
Технички, густината на материјалот е 0,9 милиграми по кубен сантиметар. За споредба, најлесниот примерок на аерогел, материјалот со прекор „цврст чад“ има густина од 1,1 милиграм на кубен сантиметар. Микромрежата е создадена во процес кој е комплетно различен од техниката на „вриење“ која го создава аерогелот. Истражувачите почнуваат со поставување на матрица составена од мрежи од полимер, и потоа со поставување на тенок филм од никел фосфор. Кога ќе се отстрани полимерот, остануваат ситните метални цевки со облик на мрежата.
Аерогелот е материја слична на пена која е одлична изолација, но многу лесно се крши. Во контраст, правилната структура на микромрежата ја прави силна и издржлива. „Модерните згради, како на пример Ајфеловата Кула или мостот Голден Гејт, се неверојатно лесни и имаат ефикасно искористена тежина поради нивната архитектура“ изјавил Вилијам Картер од HRL Laboratories кои се наоѓаат во Калифорнија. „Ние создаваме револуција кај лесните материјали пренесувајќи го овој концепт на нано и микро скала.“
Лоренцо Валдевит, научник за материјали од Универзитетот од Калифорнија во Ирвин, рекол дека материјалите всушност стануваат посилни кога нивните димензии се намалени на нанометарско ниво. „Ако ова се спои со можноста за создавање на архитектурата на микромрежата, добивате уникатен клеточен материјал.“ Материјалот е доволно силен за да го врати својот оригинален облик по компресија од 50 процени, сепак доволно лесен за да може да стои врз глуварче без да го наруши.
Својсвтавата на материјалот го прават идеален за апликации кои опфаќаат звучна или вибро изолација и би можело да овозможи создавање на полесни електроди за батерии. Не е чудно што овој материјал бил развиен за DARPA (Defense Advanced Research Projects Agency) и дека веќе има апликација за патент за структурата и процесот за нејзино формирање. [UC Irvine Release: World’s lightest metal developed]