Група научници велат дека собирање на енергијата на Сонцето во вселена би било евтин метод за исплонување на земјините потреби за енергија. Електрани во орбита способни да собираат сончева енергија и да ја испраќаат на Земјата навидум се „технички остварливи“ во следните деценија или две, врз основа на технологиите кои во моментов се во лабораторија. Ваков проект би можел да биде остварлив за помалку од 30 години.
Студиска група на Меѓународната Академија за Астронаутика од Париз вели: „Јасно е дека сончевата енергија донесена од вселената би можела да игра неверојатно важна улога во остварување на глобалните потреби за енергија во текот на 21-от век“. Студијата која била предводена од Џон Манкинс, 25 годишен ветеран на NASA и поранешен предводник на концепти за американската вселенска агенција, била предвидена како првата меѓународна проценка за потенцијални начини за собирање на сончева енергија во вселената и нејзино доставување до Земјата преку безжични трансмисии на енергија.
Студијата заклучила дека најверојатно би биле потребни владини фондови за остварување на концептот познат како вселенска соларна енергија. Истата додава дека финансирањето од приватниот-сектор најверојатно нема да успее само поради „екномската несигурност“ на развивањето. Но студијата додала дека и владиниот и приватниот сектор би требало да го финансираат истражувањето за да се зацврсти економската исплатливост на концептот, насред грижите околу понатамошното потпирање на мали количини фосилни горива кои придонесуваат кон голбалното загадување.
Проценката на потенцијалната цена за завршување на проектот не е објавена. Некои научници веруваат дека вселенската сончева енергија е потенцијално долгорочно енергетско решение за Земјата. Идејата е да се постави прво една, потоа неколку, а подоцна десетици сателити кои ќе собираат енергија околу екваторот. Секој сателит би бил широк по неколку километри и би собирал сончева енергија по 24 часа на ден. Панелите поставени на површината на Земјата кои во моментов се користат добиваат максимум до 12 часа. Енергијата би била конвертирана во електрицитет на сателитот и испратена, преку антени кои трансмитираат во микробранови или со ласери, до онаа точка на Земјата каде што истиот ќе биде потребна, по што ќе биде пуштена во мрежата.
Скептиците веруваат дека концептот е ностварлив, барем до оној момент кога цената на комерцијална електрана во орбита драстично би опаднала. Други пречки се вселенското ѓубре, недостаток на фокусирани истражувања на пазарот и високи високи цени на развој. Студијата, одржана од 2008 до 2010 година открила дека комерцијалниот случај значајно се подобрил во последната деценија, делумно како резултат на владини субвенции за незагадувачки „зелени“ енергетски системи. Пилот проект кој ќе ја демонстрира технологијата, дури и со големина колку 400 тонската Меѓународна Вселенска Станица, би можел да биде создаден користејќи евтини летала за една употреба кои се во развој за други вселенски пазари. [Giant orbiting power plants could harvest the Sun’s energy to provide world’s power needs]