Ако се плашите од летање мора да го прочитате ова!

Претходната година била најбезбедна во поглед на воздушниот сообраќај уште од 1945 година, пренесува New York Times.

Во 2012 година имало 23 фатални несреќи, од кои само 11 со патнички авиони, што е помалку од десетгодишниот просек кој изнесува 24.

Шефот за безбедност на Здружението за меѓународен авиосообраќај Гинтер Мешниг вели дека просечен човек би требало да лета 14000 години пред да му се случи несреќа.

Се надеваме дека овие податоци ќе ги усреќат и смират оние што се плашат од летање.

Прочитајте и:  Единаесет лица повредени од силни турбуленции на летот на „Луфтханза“ од Буенос Аирес за Франкфурт
- Реклама -