Светлосен штит од комарци (видео)

комарциШто ако би можеле да ги исфрлите сите спрејови против комарци а сепак тие да не ви сметаат – само со една светилка? Токму тоа е проект на експерименталниот физичар Марка. Марка е професор на Колумбија Универзитетот и академик кој дозволува неговата кариера да биде водена од неговата љубопитност.

Тој проучувал оптика како дел од неговото астрофизичко истражување (што се случвуа при спојување на две црни дупки) пред неколку години кога ја добил идејата дека комарците ги наоѓаат своите цели користејќи комплициран систем на сензори. Тој си помислил, зошто да не се оштетат или збунат тие сензори. Работејќи со колеги, меѓу кои била и неговата сопруга, тој прво се обидел да ги оштети сензорите на Anopheles gambiae, комарец кој пренесува маларија.

Потоа истражувачите ја разработиле идејата за светлосна бариера. „Случајно налетавме на ова: Ако имате невидлив ѕид од светлина, како ќе реагираат комарците и овошните мушички? Тие влетуваат во него, по што се враќаат од каде што дошле, и не го минуваат“ изјавил Марка. Тој аплицирал во Бил и Мелинда Гејтс Фондацијата и добил 100.000 долари во 2008 за да го продолжи истражувањето. Неговите резултати биле толку интересни што Гејтс Фондацијата му дале дополнителни финансии – 1 милион долари – за да продолжи.

Неговата е само една од пет истражувачки групи која добила втора тура финансии од фондацијата. Примарниот интерес на Гејтс Фондацијата во неговото истражување е можноста за употреба во спречување на маларија. И покрај успешните напори за намалување на појавата на болеста во некои земји, маларијата убива речиси 1 милион луѓе секоја година – најмногу во суб-сахарска Африка и најчесто деца под пет годишна возраст. Но апликациите би можеле да бидат многу пошироки. [Physicist develops anti-mosquito force field (video)]

- Реклама -