Чудна бура му се заканува на Тексас (видео)

бураСигурно е тешко да се известува за времето на телевизија, стоите пред син ѕид и мавтате со рацете посочувајќи елементи од непостоечка слика. Ова звучи како совршен рецепт за комедија, но сепак сите телевизски медиуми во светот го имаат прифатено истиот метод. Метод кој Ник Крајнок од телевизијата KLST од Тексас сигурно нема брзо да го заборави.

Сигурно е тешко да се известува за времето на телевизија, стоите пред син ѕид и мавтате со рацете посочувајќи елементи од непостоечка слика. Ова звучи како совршен рецепт за комедија, но сепак сите телевизски медиуми во светот го имаат прифатено истиот метод. Метод кој Ник Крајнок од телевизијата KLST од Тексас сигурно нема брзо да го заборави.

Репортерот го известуваше населението на округот Кончо во централниот дел на Тексас дека метеоролозите очекуваат голема бура со грмежи во регионот. Ништо невообичаено, но неговиот проблем настана во моментот кога зад него се појави графика со облик на пенис. Видеото од случката стана хит на YouTube, каде што некој искоментирал „Нема причина за страв, ќе се смали при контакт со студениот воздух“.

{youtube}99FDDLWz15Y{/youtube}
- Реклама -