Вселенско такси со седум седишта подржано од NASA ќе носи астронаути до Меѓународната Вселенска Станица ќе го направи својот прв тест лет на голема надморска височина следното лето. “Dream Chaser” на Sierra Nevada Corp е вселенски авион кој изгледа како минијатурен вселенски шатл и еден од четири вселенски „такси“ летала развивани од приватни компании со финансиска помош од американската влада.
За безпилотниот тест лет, “Dream Chaser” ќе биде транспортиран до потребната висина со WhiteKnightTwo, носачот за комерцијалното суборбитално патничко летало SpaceShipTwo на Virgin Galactic, американска компанија во сопственост на Virgin Group на Сер Ричард Брансон. Тестот летот бил закажан откако компанијата Sierra Nevada добила дополнително финансирање од 25,6 милиони долари на нивниот постоечки договор 80 милиони долари со NASA.
Тест летот ќе се одржи или над Воздухопловната База Едвардс во пустината Мохаве во Калифорнија или над локацијата за тест на проектили Вајт Сендс во Њу Мексико. Со повлекувањето на спејс шатловите од активна служба ова лето, NASA сега зависи од Русија за транспорт на астронаути до вселенската станица, услуга која чини 50 милиони по лице. Агенцијата се надева дека ќе може да го делегира транспортот на персонал на една или повеќе комерцијални фирми пред крајот на 2016 година.
Покрај Sierra Nevada, NASA финансира развој на вселенски летала и кај Boeing Co, Space Exploration Technologies, и Blue Origin, фирма во сопственост на основачот на Amazon, Џеф Безос. „Само една опција за транспорт на екипаж до станицата е ограничување,“ изјавил Мајк Фосум кој во моментов живее на станицата. Меѓународната Вселенска Станица, проект кој чини 100 милијарди долари и во кој учествуваат 16 земји, беше завршена оваа година по изградба, на 350 километри над Земјата, која траеше повеќе од една деценија. Станицата, која е со големина на куќа со пет спални соби, подржува голем број на научни истражувања и технолошки демонстрации.
Покрај помошта во развојот на комерцијалните вселенски такси летала, NASA работи и на транспортна ракета и капсула за превоз на астронаути и товар до астероиди, Месечината, Марс и други дестинации надвор од орбитата на вселенската станица. Програмата црпи инспирација од опрема која оригинално била создадена за претходни програми, како спејс шатл програмата и откажаната иницијатива за истражување Constellation Moon; новата ракета, наречена Space Launch System или SLS, ќе биде претставена со безпилотен тест во 2017 година, по што во 2021 ќе биде одржан и тест со астронаути. [NASA-backed space taxi to fly in test next summer… expect a hefty fare]