3 најромантични места на Земјината топка

Во пресрет на Денот на вљубените идејата каде да се прослави и посака вечна љубов и безусловна верност е скапоцена.

Италија е стопроцентно сигурна опција затоа што градот Терни се смета за престолнина на љубовта, а Долината на пеперутките во Турција е магично место идеално за потхранување на љубовната имагинација.

Еве ги најромантичните агли на Земјината топка

Терни, Италија

Според легендите градот Терни се смета за престолнина на епископот Свети Валентин. Имено во вториот и третиот век од нашата ера епископот Валентин се венчал со смртно болна девојка. Преданијата велат дека епископот се занимавал со одгледување на рози и ги раздавал на децата за да ги подаруваат на своите мајки, ги смирувал скараните вљубени и тајно ги венчал оние кои имале забранета љубов. Токму поради тоа тој, на 98 годишна возраст бил казнет и однесен во затвор.

St-Valentines-Festival-Italy

Без оглед на возраста тој се вљубува во ќерката на затворскиот надзорник и на 14 февруари 270 година и го праќа првото љубовно писмо од каде и потекнува традицијата на 14 да се праќаат кратки љубовни пораки. Веднаш потоа епископот бил убиен од надзорникот – таткото на жената која ја љубел. Во овој град љубовта се прославува цел февруари, а последната недела од месецот е резервирана за посета на вљубените двојки на базиликата каде Свети Валентин ги венчавал вљубените каде се поклонуваат како доказ на взаемнатата љубов.

Прочитајте и:  Обилни снежни врнежи во Турција: Затворени училишта и спасени стотици граѓани

Патека на љубовта

Патеката на љубовта која се наоѓа во Италија е распространета во живописниот и романтичен пејзаж на Лигурското крајбрежје. Среде патот се наоѓа тунел каде има камени клупи за одмор, а на крајот од љубовната патека се наоѓа мрежата каде се закачува катанец како симбол на вечната љубов и верност.

italija

Долина на пеперутките

Ова романтично и спокојно место се наоѓа во Турција во непосредна близина на Анталискиот залив. Во долината можете да стигнете единствено со јахта. Името го добила по многубројните пеперутки со тигреста шара и тоа во периодот од јуни до октомври. Мирното море, белиот песок, звукот на водопадите и аромата од дивата флора е се што е потребно да се возвиши љубовта. Во непосредна близина двојките може да изнајмат куќарка.

2-kelebekler-vadisi

 

- Реклама -