Дувајте додека можете!

Наскоро свеќичките на тортите може да станат минато.

Роденденските свеќички наскоро би можеле да бидат забранети во Австралија поради предложените здравствени мерки кои наведуваат дека дувањето свеќички претставува ризик по здравјето на децата поради можното ширење на зарази.Ако се покаже како ефективна, оваа мерка може да ја копираат и останатите земји ширум светот.

Министерката за здравје на Австралија, Тања Пилберсек, рекла дека нема да постои „полиција за торти“ која ќе шета по детските родендени, но дека новиот здравствен водич предвидува повеќе торти на една забава, односно за секого по еден „капкејк“. Алтернативен пристап се електричните свеќи.

a28ae679-fa3e-4d84-9b61-e57c11a30f9f

Министерката додала дека водичот за здрав живот на децата всушност би требало да им пружи практични идеи на градинките и родителите за да се спречи епидемија на вирусите кои владеат меѓу најмладите жители.

Прочитајте и:  Лекар предупредува дека на повеќето луѓе им недостасуваат овие 5 витамини

„Мораме да бидеме разумни кога се работи за децата. Нема да формираме „полиција за торти“ но детските центри мора да сторат се што можат за да го намалат ширењето на бактерии и инфекции во градинките и останатите установи“, истакнала Пилберсек.

- Реклама -