Зошто е добро што почесто да имате секс?

Сексот има многу добри страни, па така, меѓу другото, може да ви овозможи подобар сон, да ви го продолжи животот и да го намали стресот.

Поради сексот се чувствуваме добро

Ако добро го познавате своето тело, знаете што ви одговара и ако сте возбудени поради секс со одредена личност, големи се шансите дека ќе се чувствувате добро. Така што нема потреба да си го скаратите ова задоволство.

sex

И самата помисла на секс е добра за мозокот

Научникот Јенс Форстер во 2009 година открил дека поединците кои дневно размилуваат за секс бележат подобри резултати во решавање на задачи кои бараат критичко размислување отколку поединците кои не размислуваат многу за сексот.

Со повеќе секс ќе живеете подолго

Податоците од студијата Дјук Лонгитудина од 1993 година покажуваат дека мажите кои почесто имаат секс во просек живеат подолго. Освен тоа, жените кои уживаат во својот сексуален живот просечно живеат седум до осум години подолго од жените кои се рамнодушни кон својот сексуален живот.

Couple Making Love

Сексот ја намалува болката

Окситоцинот, хормон што се ослободува во текот на сексот, воедно е и природен лек против болки. Сексологот Беверли Випл во 1985 година утврди дека, по оргазмот, кај жените се подигнува нивото на толеранција кон болката.

Сексот го намалува стресот

Едно истражување од 2006 година покажа дека голем број луѓе веднаш по сексуалниот однос имаат низок крвен притисок, особено во случај на стресни ситуации.

couple-in-bed-1

Сексот го зајакнува имунитетот

Студија спроведена во 2004 година покажа дека оние што имаат секс еднаш до два пати во неделата имаат зголемено ниво на имуноглобулин од оние кои се сексаат поретко. Имуноглобулинот игра важна улога во заштита на телото од болести.

Поради сексот изгледаме помлади

Студија спроведена во 2002 година во болницата Ројал Единбург откри дека двојките кои имаат секс три или повеќе пати неделно изгледаат и до 10 години помлади од своите врсници кои имаат секс два или помалку пати неделно. Научниците утврдиле дека задоволството што произлегува од сексот е клучен фактор за зачувување на младешкиот изглед.

bigstockphoto_a_young_couple_embraces_at_sun_2041377

Сексот го подобрува сонот

Според Лора Берман од Берман центарот за сексуално здравје, ендорфинот кој се ослободува за време на сексот во значителна мерка го подобрува сонот.

- Реклама -