Сателит за борба против вселенско ѓубре

ѓубреНаучници предложуваат лансирање на сателит за борба против се поприсутниот проблем од вселенско ѓубре во земјината орбита. Планот, поднесен од истражувачи од Италијанската Вселенска Агенција, подразбира лансирање на летало со погонски дел поставен на предниот дел.

Ова летало би ги туркало поголемите делови од вселенско ѓубре за уништување во земјината атмосфера, со што би ја намалило опасноста од судир со комуникациски сателит или Меѓународната Вселенска Станица (МВС). Околу 20.000 парчиња ѓубре во моментов се наоѓаат во ниска орбита околу Земјата, поголемиот дел од нив се отфрлени делови од вселенски летала или остатоци од судири.

Главниот истражувач Марко Кастронуово изјавил: „Според нашето мислење проблемот е голем предизвик и е многу итен. Времето за дејствување е сега – со текот на времето ќе треба да отстрануваме се повеќе делови.“ Иако доктор Касронуово тврди дека идејата е рлативно евтина, сателитот би можел да отстранува само околу пет до десет предмети секоја година – фрлајќи ги кон океанот.

Процесот исто така би можел да го избегне таканаречениот „Кеслер Синдром“, во кој ѓубрето кое се наоѓа во орбита би го направило безбедното патување околу земјата невозможно со што ние би биле заробени на планетата. Таква ситуација е веќе предвидена од NASA во последниве 30 години и серија опасни ситуации, вклучувајќи и една во која била вмешана и МВС минатиот месец, додава итност на потребата за решение.

Прочитајте и:  Трамп не успеа да го види фаќањето на ракетата на SpaceX, таа се спушти во Индискиот океан

Сериозни несреќи во последниве години се судирот во 2009 година помеѓу сателитите Иридиум 33 и Космос 2251. Комункациските сателити се судриле со брзина од над 3000 метри во секунда – првиот сериозен судир помеѓу оперативни сателити во земјината орбита. Доктор Кастронуово и неговиот тим идентификувале над 60 парчиња ѓубре, поголем дел од кои се потрошени ракети, со височина од околу 850 километри – две третини од нив тежат по повеќе од три тони.

Инжинерот на NASA Креон Левит неодамна изјави дека е многу важно нешто да биде направено со вселенското ѓубре. „Нема голема дебата дали ова ќе не зафркне ако не направиме ништо. Во моментов сме на точка на преливање… и ситуацијата само станува полоша.“

- Реклама -