Не е непознато дека сите тестирања на козметичките производи се вршат врз животните, но дали сте знаеле дека најчето по тестирањето во кома се наоѓаат од една до три седмици.
Некои од животните додека се затворени во специјалните кафези обидувајќи се да избегаат од болката си го кршат вратот. На ваквите податоци изнесени од страна на американската добротоворна организација за заштита на животните ПЕТА не останаа рамнодушни многу ѕвезди.
Организацијата ангажираше голем број познати кои својата хуманост кон животните ја покажаа соблекувајќи се голи, односно демонстрирајки дека е подобро да шетаат голи отколку во крзно и се изјаснија дека ќе користат козметички производи кои не се тестираат на животни.
Поразителен е фактот дека за изработка на една чанта од крокодилска кожа која би чинела околу десет илјади долари треба да бидат убиени три или четири крокодили.
Како најголеми борци за правата на животните се декларираат познатата актерка и една од најубавите жени во кинематографијата Брижит Бардо, познатата Ева Мендес, Пол и Стела Мекартни, американската актерка Алисија Силверстоун и многу други кои тврдат дека вегетаријанството е идеалниот начин на исхрана.