Робот кој жонглира со 5 топчиња (видео)

роботНаучници од Прага создале робот кој умее да жонглира со пет топчиња истовремено. Тимот од Чешкиот Технички Универзитет вели дека роботот е пример за примената на срво мотори во извршување на прецизни задачи.

Роботот наречен „Серво Жонглер“ користи две механички вертикални раце поставени на мотор кои можат да се движат хоризонтално за да ги подаваат топчињата меѓусебе преку параболична траекторија. Камера поставена на предната страна го набљудува движењето на секое топче и системот ги пресметува идеалните точки за фаќање и фрлање.

{youtube}9asDO_1A27U{/youtube}

Прочитајте и:  Робот со вештачка интелигенција киднапирал 12 колеги
- Реклама -