Лично летало (видео)

летЛуѓето отсекогаш сонувале да летаат, но дури и откако браќата Рајт го создадоа првиот успешен авион луѓето и понатаму сонуваат за лично летало со кое секој ден ќе одат на работа. Тој сон, поттикнат и од писателите на научна фантастика, наскоро може да стане и реалност.


 
Компанијата Martin Jetpack од Нов Зеланд го извршила првиот тест лет при што достигнале висина од 1524 метри. Одговорните лица во компаниајта велат дека успешниот тест-лет значи дека леталото кое ќе чини 60.000 британски фунти би можело да биде пуштено во продажба во наредните 18 месеци.

{youtube}SHPedpE70Es{/youtube}

За тестот леталото било управувано далечински од хеликоптер, додека улогата на пилот била доделена на кукла. По искачувањето на 1524 метри леталото се спуштило до 609 метри по што отворило падобран за безбедно да се спушти на земја. Со овој лет леталото поставило три нови рекорди во својата категорија: најбрзо искачување – 243 метри во минута, најголема висина – 1524 метри и најдолг лет – 9 минути и 46 секунди.

- Реклама -