По проблемите со нуклеарната централа Фукушима, Јапонците започнаа со спроведување на планот за преориентирање кон почисти извори на енергија. Се планирање носење на закон за задолжително поставување соларни панели на секоја зграда до 2030 година, но она што е навистина импресивно е конструкцијата на Месечев прстен до 2035 година.
Амбициозниот план што излезе од лабораториите на корпорацијата Шимицу предвидува поставување појас од фотоволтни плочи околу Месечината. Тие ќе треба да собираат енергија од 13.000 теравати непрекината соларна енергија што површината од Месечината ја добива секојдневно, а потоа таа ќе се пренесува на Земјата преку микробранови или ласери. Приемните постојки насекаде по планетата ќе ја собираат енергијата и со неа ќе ги напојуваат училиштата, болниците и канцелариите во целиот свет.
За одржување на Месечевиот прстен ќе биде задолжена армија автоматизирани роботи, но повеќе од јасно е дека ќе биде потребно присуство барем на минимален човечки персонал, за да се осигури беспрекорно функционирање. Она што е интересно е дека за конструкцијата на прстенот се планира користење материјали од Месечината, а не нивно носење од Земјата. Јапонците се убедени дека зададениот рок е реален, иако на повеќето научници ова им изгледа како преамбициозен проект за толку кус временски период. [LUNA RING: Solar Energy from the Moon]